Дома

  За МАКМОНТАНА

  За Македонија

  Активности

  Контактирај не

  Партнери и линкови

  English Version

 

 

За Македонија

Република Македонија е планинска и брдовита земја. Планинските и полу-планинските региони опфаќаат 83,7% од вкупната територија, а 30% од македонската популација живее во 1028 заедници во тие региони. Но и покрај овој факт, планинските региони како такви не претставуваат фокус за одржлив развој во Република Македонија.
Планинските региони и населението што живее таму се соочува со големи проблеми, како што се: депопулација, сиромаштија, висока стапка на невработеност, еколошки проблеми, комуникациски и инфраструктурни проблеми како и маргинализација.
Специфичностите на планинските региони захтеваат такви развојни приоди кои ќе ги земат во предвид природните, социјалните и културните вредности, како и посебните ограничувања кои ги вреднуваат планините како обезбедувачи на основните добра и услуги за националната економија.
Затоа главната цел на МАКМОНТАНА е да го промовира одржливиот планински развој и е посветена на луѓето од планинските региони и на планинските ресурси во Република Македонија.

© 2007 MAKMOНTAНA - УНЕП Национален Комитет Македонија