Дома

  За МАКМОНТАНА

  За Македонија

  Активности

  Настани

  Проекти

  Публикации

  Контактирај не

  Партнери и линкови

  English Version

 

Балканска Планинска Конвенција - Балканско Биро

Работни задачи на Балаканското Биро

Работниот план на пратеникот на Балканското Биро е следниот:

Прв месец: Ги проучува постоечките планински конвенции (алпската и Карпатската), нивните играчи, приоритети за имплементација, како локалното население и заедниците добиваат корист од нив, како ја интегрираат конзервацијата и одржливото користење на биолошката и пејзажната разноврсност во националната секторска политика; пишува извештај на овие теми.

Втор Месец: Истражување за начинот на вклучување на Еуромонтана во Балканската Планинска Конвенција; Остварување на контакти со други организации и Европската Комисија (Environment DG) во Брисел и нивно можно вклучување во Балканската Планинска Конвенција; Истражување на можностите за поддршка на Балканската Планинска Конвенција од организациите во Брисел; Пишување на извештај на овие теми.

Трет месец: Остварување на контакти со други организации и донатори надвор од Брисел (REC; SDC; USAID; UNDP), нивно можно вклучување во Балканската Планинска Конвенција и ако можноста се реализира, подготовка на предлог за финансирање; пишување на финален извештај.

Покрај гореспоменатите задачи, за време на сите три месеци, пратеникот во Балканското Биро исто така ќе биде и во контакт со други две организации (Булмонтана и Ромонтана) и треба да им ги препраќа важните информации поврзани со проектот. Булмонтана е веќе дел од Балканската Планинска Конвенција.

© 2007 MAKMOНTAНA - УНЕП Национален Комитет Македонија