Дома

  За МАКМОНТАНА

  За Македонија

  Активности

  Настани

  Проекти

  Публикации

  Контактирај не

  Партнери и линкови

  English Version

 

Мерење на прогресот во конзервација на природата во поглед на Конвенцијата за Биолошки Диверзитет и Пан-Европската Стратегија за Биолошки и Пејзажен Диверзитет:
За проектот Вести CBD во Македонија

Вести

декември 2005

•Осмиот состанок на страните на Конвенцијата за Биолошка разновидност

Осмиот состанок на страните на Конвенцијата за Биолошка разновидност (COP/8) ќе се одржи во Куричиба, Бразил од 20 до 31 Март 2006.
Официјално, Република Македонија ќе биде претставена од Г. Зоран Шапуриќ, Министер за животна средина и просторно планирање и од Г-ѓа Менка Спировска, контакт личност за КБР.

Позицијата на MAKMOНTAНA:

MAKMOНTAНA очекува да Втората регионална конференција ЕнЕ06 „Животна средина за Европа“ ќе оствари тесна врска меѓу Пан Европската стратегија за биолошка и пејсажна разновидност (PEBLDS) и Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD). Конференцијата треба исто така да обезбеди форум за регионална подготовка за Состаноците на Конференцијата на страните на КБР. Претставниците од владите во регионот треба ги дискутираат приоритетните прашања во однос на КБР и да обликуваат ставови кои би биле застапувани на Осмиот состанок на Конференцијата на страните. Поддршката за учество на претставници на невладините организации на оваа конференција ќе го обезбеди нивниот придонес во креирањето на одлуките за PEBLDS и CBD.
MAKMOНTAНA ја гледа конференцијата како можност за комплементарности помеѓу PEBLDS и CBD во пан Европскиот регион и влијание врз глобалната агенда за биолошка разновидност преку регионална перспектива.
Конференцијата треба да ги зајакне напорите во регионот за имплементација на КБР, да се осврне на целите на стратешкиот план и да ги постигне договорените задачи за запирање на губењето на биолошката разновидност до 2010.
MAKMOНTAНA би сакала да види зголемено учество од страна на Балканските земји во донесувањто на одлуките за PEBLDS како и за CBD.
Резултатите на конференцијата треба да ја зајакнат регионалната соработка во областа на биолошката разновидност и да го подобрат профилот на биолошката разновидност во регионот и на глобално ниво.

Прашањата за кои MAKMOНTAНA би сакала да дискутира се:

- Прогрес во имплементацијата на Стратешкиот план и напредокот во однос на целта за 2010 и релевантните Милениумски развојни цели (глобални цели и поврзани мерки, како што се набљудување, индикатори и трендови во биолошката разновидност);
- Прогрес во однос на Киевската резолуција за биолошка разновидност во PEBLDS програмата за работа: имплементација на акциониот план;
- Акционен план за шумите и биолошката разновидност;
- Акционен план за Пан Европската еколошка мрежа;
- Акционен план за набљудување и индикатори на биолошката разновидност;
- Акционен план за учество и свесност на јавноста;
- Заштитени подрачја;
- Биолошката разновидност и климатските промени: напатствија да се промовира синергија меѓу активностите за заштита на биолошката разновидност, намалување или адаптирање на климатските промени и борбата против деградацијата на почвата;

Во однос на Осмата конференција на страните (COP 8) на Конвенцијата за биолошка разновидност, која ќе се одржи меѓу 13 и 30 март во Куричиба, Бразил, МАКМОНТАНА предлага друѓи невладини организации да ги користат пропратните настани, како што е Форумот за цивилно општество, огромниот простор за соработка меѓу многу организации кои можат политички да влијаат на преговарањата и ставовите на многу земји. За да се зајакне КБР и Картагенскиот протокол, МАКМОНТАНА како национална невладина организација би сакала да се осигура дека цивилното општество ќе учествува на ефикасен начин во официјалните преговори и во паралелните настани на цивилното општество за време на MOP и COP преку:

- Излагање за позициите и стратегиите и ефикасната интервенција на невладините организации и социјални движења за време на MOP и COP;
- Идентификација на главните прашања за дискусија за време на MOP и COP за подобрување на мрежната соработка, организацијата на пропратните настани и настаните за време на Форумот за сивилно општество;
- Зајакнување на гласот на социјалните движења за нагласување на постоечкиот кофликт меѓу режимите на Конвенцијата за биолошка разновидност и Светската трговска организација и да се зајакне значењето на агендата за оржлива употреба на природните ресурси, правата за пристап до генетските ресурси и гаранцијата за тредиционалните знаења во однос на агендата за слободна трговија и неолиберализмот;
- СОздавање на простор за мрежи и организации од ширум светот;
- Кампањи за придвижување и подигање на свеста на делегатите, општеството и медиумите.

Втората регионална конференција ЕнЕ06 „Животна средина за Европа“ ќе се одржи во Белград (Србија и Црна Гора) од 5 до 7 јуни 2006. Тематските области на конференцијата се: Одржлив развој, Животната средина и ЕУ проширувањето во поврзани области. Официјални јазици се Српски и Српски/јазици на поранешните Југословенски републики, без симултан превод. Инструкции за подготовка на излагања и регистрација (40 евра), како и други релевантни информации може да најдете на www.ambassadors-env.org или по електронска пошта: office@ambassadors-env.org
Краен рок за доставување на излагање е 31 јануари 2006! Може да ја презентираш твојата научна / аналитичка работа, презентираш перформанси или твојата институција/компанија со поддршка за подготовката на конференцијата, обезбедиш донација кој придонесува за позитивниот имиџ на твојата компанија, активно да учествуваш, како и да го слушнеш форумот за невлагини организации ЕфЕ07 како глас кон Министерската конференција „Животна средина за Европа“ која ќе се одржи во Белград 2007.

Четврт годишен состанок на еколошки НВО-а во Република Македонија

Четвртиот годишен состанок на еколошките НВО-а во Република Македонија се одржа во Охрид (4ти до 6ти ноември 2005г), каде присуствуваа повеќе од 50 учесници од различни НВО-а од Македонија како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународни организации.

За време на овој состанок на посебната сесија, Макмонтана - Здружението на граѓани за одржлив развој на планинските региони во Република Македонија подготви материјал за одлуките на Конвенцијата за биолошки диверзитет за другите НВО-а и посочи на Екосистемскиот пристап како стратегија за интегрирано управување со почвените, водените и живите ресурси кој промовира заштита и одржливо користење на праведен начин.

Макмонтана исто така ги даде и следниве коментари во однос на новиот Закон за заштита на природата во Република Македонија:

Новиот закон треба да биде разбран како спроведување на обврските кои Република Македонија ги превзеде со потпишување и ратификување на Пактот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, но исто така и како апроксимација на побарувањата на Европската Унија во однос на животната средина. Законот за заштита на природата ги регулира специфичностите кои се поврзани со заштитата на биолошката разновидност и пејзажната разновидност, заштитата на природното наскледство во рамките и надвор од заштитените подрачја и заштитата на минералите и фосилите.

Задача на овој закон треба да биде придонесот во заштитата на биолошката разновидност преку заштитата на природните живеалишта и дивата флора и фауна на територијата на Република Македонија. Мерките предвидени во рамките на овој закон треба да водат кон постигнување на поволен статус за заштита на природните живеалишта и на видовите од дивата флора и фауна. Понатаму, задачата на законот треба да биде развивање и зајакнување на соработката за превенција на деградацијата на природата, како поддршка на стабилноста на животната средина, но исто така и соработка за цел заштита на природните ресурси и заштита на биолошкиот диверзитет и размена на научните податоци.

Законот за заштита на природата треба да обезбеди основа за целосно спроведување на следните договори на кои Република Македонија е потписник:

- Конвенција за биолошка разновидност (Рио ди Жанеро, 1992);
- Протокол за биолошка сигурност (Картагена, 2000);
- Конвенција за водени живеалишта со меѓународна важност особено како живеалишта на водни птици (Рамсар, 1971);
- Конвенција за меѓународната трговија со загрозени видови на дива флора и фауна (Вашингтон ОК, 1973);
- Европска конвенција за заштита на европските диви видови и природни живеалишта (Берн, 1979);
- Европска конвенција за заштита на преселните диви видови (Бон, 1979);
- Конвенција за заштита на дивите култури и природното наследство (Парис, 1972);
- Европска конвенција за заштита на пејзажот (Фиренца, 2000).

Целосен и звештај од 4та Годишна средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на заштита на животна средина во Република Македонија.... doc 1.353Kb

 

Балкан без ГМО-а Конференција

Конференцијата за Балкан без ГМО-а (Беднесност на храната, биолошка разновидност, одржливо земјоделство) се одржа од 25 до 27 Октомври 2005г. во Солун, Грција.

Претставници од различни Балкански земји беа поканети за да се запознаат меѓу себе, да разменат информации и да делуваат заедно против генетски модифицираните организми (ГМО) на Балканот.

Во глобалниот систем, големите меѓународни прехрамбени компании, преку користењето на технологијата за генетски инженеринг за интерес за профит, се на пат целосно да го монополизираат земјоделството, при што го ставаат во непредвиден ризик здравјето на конзумерите, животната средина и одржливите земјоделски системи. Европската комисија ја отвара вратата за култивирање и конзумирање на ГМОа, некои влади започнаа да подлегнуваат под притисокот на индустријата. Балканските земји мора да се противат преку организирање на цивилното општество. Тие се сложија да работат заедно, координирајќи го научното знаење, предупредувачки информации до јавноста, заеднички информации и други активности.

На конференцијата, МАКМОНТАНА зеде активно учество и посочи на следново:

Постојат многу несидурности во однос на ризикот за животната средина од ГМОа. Овие несигурности се поради недостаток на соодветни резултати и на фактот што природните системи се многу сложени. Затоа е од голема важност да се одреди под кои услови предвидено или набљудуван ефект на ГМОата врз животната средина може да се класифицира како „еколошка катастрофа“ и затоа не смее да се толерира.

Се препорачува користењето на пристап поврзан со карактеристики во дефинирањето на штетите по животната средина. Користејќи го овој пристап, вредните карактеристики од животната средина треба да се разберат дека се биолошката разновидност како што се дефинирани во Конвенцијата за биолошка разновидност.

Во Шестата акциона програма за животна средина на Европската Унија, земјите членки се обврзаа за „Штитење, заштита, обновување и развивање на природните системи, природните живеалишта, дивата флора и фауна со цел да се запре десертификацијата и губитокот на биолошката разновидност [до 2010], вклучувајќи ги и генетските ресурси во Европската Унија и на глобално ниво“.

Протоколот е една од алатките за спроведување на Конвенцијата, особено со аспект на мерките за регулирање, управување и контрола на ризикот поврзан со пренос, рекување и употреба ГМОа кои може да имаат непосакуван ефект врз биолошката разновидност, фокусирајќи се на нивното прекугранично движење. Стратешкиот план на КБР кој беше одобрен од страна на состанокот на шестте на Конференцијата на партиите (КНП), содржи број на стратешки задачи поврзани со Протоколот вклучувајќи, меѓу другите да се одигура дека до 2010:
• Картагенскиот протокол е широко применуван
• Секоја Партија има регуаторна рамка поставена и функционална за да го спроведе
• Сите Партии имаат достапни соодветни капацитети како и зголемени ресурси и пренос на технологии за да го спроведе и дека
• Секоја Партија од Картагенскиот протокол за биолошка сигурност промовира и обезбедува јавна свест, образование и учество во поддршка на Протоколот.

Одлуката VII/30 од Конвенцијата за биолошка разновидност го дефинира губитокот на биолошката разновидност „како долготрајно или постојано квалитетно или квантитетно губење на состојќите на биолошката разновидност и нивниот потенцијал да се обезбедат добра и услуги, кои се мерат на глобално, регионално и национално ниво“.

Информативниот документ за КБД UNEP/CBD/SBSTTA/9/INF/26 препознава дека поимот за губиток на биолошкиот диверзитет е комплексен и дека претставува основа за развивање на индикатори според кои губитокот на биолошката разновидност може да се состои од:
- Намалување во големина, содржина или одржлива продуктивност на екосистемите;
- Намалување во абунданцата, распространувањето или одржливото користење на популациите на видовите и исчезнување;
- Генетска ерозија.

Основиот предуслов за одредување на штетата врз животната средина е да се има основни точки и референтни подрачја без ГМОа. Затоа е потребно да се одржат доволно големи области без ГМОа.

Како заедничка изјава од оваа Конференција, сите учесници се согласија дека Балканот треба да биде зона без ГМОа и дека треба да се даде приоритет на одржливо земјоделство, модерна форма на земјоделство со иднина за земјоделците, заедниците, конзумерите, биолошката разновидност и животната средина.

октомври 2005

•Национална политика и стратегија за шумарството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија оваа година започна со проект финансиран од страна на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации за формулирање на првата Национална политика и стратегија за развој на шумарството. Неодамна, на 25ти октомври 2005г. првата предлог Национална стратегија за развој на шумарството беше презентирана и се одржа Национален консултативен состанок, на кој Макмонтана беше поканета да учествува со свој претставник.

Макмонтана, како дел од процесот со свој чен во Управниот комитет на проектот и членови во Работната група, придонесе во формулацијата на предлог Национална Стратегија за развој на шумарството. На пример: Дефиницијата за одржливо стопанисување со шумите беше прифатена и вметната во документот, Екосистемскиот пристап на Конвенцијата за биолошка разновидност беше прифатен да се однесува за Одржливото стопанисување со шумите во Република Македонија во согласност со одлуката V/6 член 2 и одлука III/12: Програма за работа за земјена биолошка разновидност: Шумска биолошка разновидност, Анекс: Придонес на меѓувладиниот панел за шуми, поврзани препораки (б).

Понатака, Макмонтана со цел да се добие Стратегија за шумарството кое ќе биде во рамнотежа со потребите за заштита на природата и меѓународните договори и конвенции кои се однесуваат за шумите и природата, на Националниот консултативен состанок поднесе неколку предлози да се земат во предвид.

Предлозите кои ги поднесе се:

Најпрво следејќи го трендот во шумарството во светот, предлагаме насловот да биде сменет со вметнување на изразот ОДРЖЛИВО, при што конечно би бил: "Национална стратегија за одржлив развој на шумарството". Оваа формулација е во согласност со Конвенцијата за биолошка разновидност потпишана и ратификувана од Република Македонија.

Во делот 5 Биолошки аспекти, во точка 5.2 Зачувување на биолошката разновидност, Макмонтана предлага да се додадат седум нови мерки или истите да се припојат кон некои од постоечките кои се во согласност со Програмските елементи од Одлуката VI/22: Шумска биолошка разновидност од Конвенцијата за биолошка разновидност :

  1. Да се заштити и обнови растителната и животинската разновидност и за да се заштитат ретките или загрозените шумски видови и екосистеми;
  2. Да се заштитат и воспостават соодветни услови за живот за сите домашни видови;
  3. Да се одредат живеалиштата (хабитатите) од особено значење за растенијата и животните и областите значајни за заштитата на биолошката разновидност во шумите;
  4. Да се гарантира заштитата и развојот на водените екосистеми во шумската средина;
  5. Да се загарантира целосна заштита на шумите кои се окарактеризирани како категории I и II заштитни подрачја според Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN);
  6. Да се воспостави мрежа на шумски генетски резервати од шумски области и индивидуални дрвја со цел заштита и зголемување на биолошката разновидност во шумите, заснована на стручни критериуми и на соодветни карактеризации и документации за домашните популации на шумските генетски ресурси.

август 2005

Финализација на менаџмент планот за Национален парк Пелистер

Проектот за заштита на планината Пелистер (PMCP) е проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а со техничка поддршка на Про Натура - Пријатели на Земјата од Швајцарија. Overall goal of the project is to contribute to the reinforcement of a state-civil society dialogue in the context of natural resources management. During the first phase of the Project, a draft management plan has been developed for Pelister National Park, though incompletely and without formal legal base.

Новиот закон за Заштита на природата (2004г.) дава доволна основа за развој на Менаџмент план (член 73, 98 до 102). По однос на ова, за време на втората фаза во 2005г. активности беа превземени за елаборирање на јасен концепт за управување и финализирање на менаџмент планот на Националниот парк Пелистер.

Макмонтана - Асоцијација за одржлив развој на планинските региони во Република Македонија во партнерство со значајни заинтересирани страни преку партиципативен процес превзеде активно учество за време на елаборирањето и финализирањето на менаџмент планот на Национален парк Пелистер.

Макмонтана ја истакна важноста на имплементирање на принципите на Конвенцијата за биолошка разновидност во менаџмент планот на Националниот парк Пелистер и посочи на конвенцијата како прв глобален инструмент кој дава сеопфатен пристап на проблемите за заштита на светската биолошка разновидност и на одржливото користење на биолошките ресурси. Конвенцијата препознава дека мрежите на заштитени подрачја завземаат централно место во заштитата на биолошката разновидност. Две витални одредби, меѓу дргите, се однесуваат на заштитени подрачја:

  1. Во член 6, секоја Страна треба да развие национална стратегија, план или програма за заштита и одржливо користење на биолошката разновидност и да ги интегрира во други релевантни секторски или меѓу секторски планови, програми и политикич
  2. Во член 8(а), секоја Страна мора да воспостави систем на заштитени подрачја каде посебни мерки се превземаат за да се заштити биолошката разновидност, ова е проследено од друѓи ставови во член 8 за заштитени подрачја.

Конвенцијата е најдобро видена како рамка за заштита на биолошката разновидност (како и за постигнување на други цели, како пристап до генетски ресурси). Најголем дел од членовите налагаат политики кои Страните треба да ги следат, како при планирање на мрежи на заштитени подрачја или контрола на ширењето на внесени видови, отколку да воспостави прецизни должности (како што чини Конвенцијата за светското наследство) или одредува цели (како Европските директиви). Конвенцијата обезбедува ддобра можност да Страните да ускладат и осовременат широк спектар на политики кои се однесуваат на биолошката разновидност, особено да се оствари врската меѓу политиките на заштитените области и политиките на други сектори на национално ниво.

За време на партиципативниот процес за финализацијата на менаџмент планот на Националниот парк Пелистер, Макмонтана го претстави на значајните заинтересирани страни концептот на Екосистемскиот пристап како стратегија за интегрирано управување со почва, вода и живите ресурси кој промовира заштита и одржливо користење на разумен начин;

Моментално, менаџмент планот на Националниот парк Пелистер е на јавна расправа се до 30 декември 2005. После овој период ќе биде доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија за официјално прифаќање.

јуни 2005

• На состанокот на иницијативата за Балканска конвенција во Рим (17.06.2005), Макмонтана прдложи на Блканот да се цели кон политика за конзервација, одржливо користење и реставрација на биолошката разновидност, кое е во согласност со Одлука V/6 на Конференцијата на партиите за Екосистемскиот пристап, односно со неговиот 10ти принцип.

• Макмонтана го избра Драги Поп-Стојанов да биде претставник во управниот комитет на проектот „Институционален развој и јакнење на капацитеот на секторот шумарство и под секторите на дрвната индустрија“, односно Македонска национална политика и стратегија за шумарството. Една од неговите задачи е да го осигура вклучувањето на Екосистемскиот пристап дизајниран на шестата Конференција на партиите од Конвенцијата за биолошка разновидност заедно со одликуте за Шумска биолошка разновидност.

© 2007 MAKMOНTAНA - УНЕП Национален Комитет Македонија