Дома

  За МАКМОНТАНА

  За Македонија

  Активности

  Настани

  Проекти

  Публикации

  Контактирај не

  Партнери и линкови

  English Version

 

Мерење на прогресот во конзервација на природата во поглед на Конвенцијата за Биолошки Диверзитет и Пан-Европската Стратегија за Биолошки и Пејзажен Диверзитет:
За проектот Вести CBD во Македонија

CBD во Македонија

Република Македонија ја ратификува Конвенцијата за биолошка разновидност со закон за ратификација („Службен весник на Република Македонија“ 54/97).
Стапена е во сила во 1998 година.

Контакт лице за CBD во Македонија е Г-ѓа Менка Спировска, Министерство за животна средина и просторно планирање.

Национални приоритети за конзаервација и одржливо коритење на биолошката разновидност во Република Македонија

MAKMOНTAНA во рамките на проектот за „Мерење на прогресот во конзервација на природата во поглед на Конвенцијата за Биолошки Диверзитет и Пан-Европската Стратегија за Биолошки и Пејзажен Диверзитет“ се соочи со одговорен предизвик да ги процени Националните приоритети за заштита на природата. Тоа е една од стратешки најважните и потенцијално тешки активности на целиот проект, поради многубројните интереси и вредности кои треба да се зема во предвид и да се балансираат.

Од една страна, националните приоритети треба да бидат единствено усогласени на националните услови, фокусирајќи се на теми и прашања од национална важност; од друга страна, тие треба конкретно да ги рефлектираат принципите на Конвенцијата за биолошка разновидност и да придонесуваат во нивното спроведување во земјата и да ги остваруваат националните и одржливите развојни цели.

Затоа, националните приоритети се проценети од страна на Макмонтана, земајќи во ги предвид стратешките пристапи кои се воспоставени со Стратегија и акционен план за биолошката разновидност во Рапублика Македонија, како и други препораки во рамките на напорите да се развие сеопфатен и стратешки пристап кон градењето на капацитетот во согласност со глобалните предизвици за животната средина. Исто така сите специфичности на земјата беа земени во предвид.

На овој начин, резултатите од спроведувањето на приоритетите треба да го подобри националното управување со животната средина и природните ресурси преку градење на капацитетите на систематско, институционално и индивидуално ниво во согласност со предизвиците на Конвенцијата за биолошка разновидност, конечно, поддржано од самата земја, од меѓународната заедница и од GEF.

Следствено, следните национални приоритети се препознаени:

  1. Вградување (интеграција) на заштитата и одржливото користење на биолошката разновидност во склоп на доминирачните приоритети на земјата - економски и социјален развој и уништување на сиромаштијата;
  2. Развој и воведување на економски и социјални мерки кои дејствуваат како поттик за заштитата и одржливото користење на составните делови од биолошката разновидност;
  3. Достигнување на ефикасно национално планирање за биолошката разновидност;
  4. Постигнување на успешна заштита и одржливо користење на биолошката разновидност преку спроведување и меѓу секторско интегрирано планирање на сите заинтересирани групи;
  5. Воспоставување на соодветни мерки за in-situ заштита на природните екосистеми и видови, возобновување на деградираните екосистеми и повраќање на загрозените видови;
  6. Воспоставување на соодветни мерки за ex-situ заштита на составните делови на биолошката разновидност;
  7. Идентификација и набљудување на составните делови на биолошката разновидност важни за нејзина заштита и одржливо користење;
  8. Намалување на бројот на загрозените видови и живеалишта (особено водни земјишта и шуми);
  9. Надминување на недостатокот на информации и знаење во однос на биолошката разновидност како основен предуслов за успешно планирање и спроведување на заштитни мерки, како и воспоставување главни програми за научно и техничко образование и обука;
  10. Јакнење на капацитетот на институциите поврзани со истражување на биолошката разновидност;
  11. Зголемување на јавната свест општо за биолошката разновидност и за значењето на мерките потребни за заштита на биолошката разновидност;
  12. Набљудување и оценка на ефикасноста на мерките за заштита и одржливо користење на биолошката разновидност со цел редовно да се мери нивниот напредок и успех;
  13. Воспоставување и редовно раководење со механизмите на прочистителната куќа;
  14. Јакнење на капацитетите на национално и локално ниво на агенциите одговорни за управување, заштита и одржливо користење на биолошката разновидност со поддршка на надворешни агенции;
  15. Воспоставување и спроведување на законските обврски за Стратешка процена во однос на животната средина и EIA за сите планови, програми, политики и други интервенции во природата;
  16. Промовирање и охрабрување на меѓународни инвестиции, локални ресурси, вклучувајќи институции, договори, финансиски механизми, планови и програми поврзани со заштитата и одржливото користење на биолошката разновидност;
  17. Зголемување на националните и меѓународните инвестиции во заштитата на биолошката разновидност;
  18. Пристап кон финансиски ресурси обезбедени преку финансискиот механизам на Конвенцијата;
  19. Развој и воведување на мерки кои го регулираат пристапот на генетските ресурси и обезбедуваат пристап за размена на технологии кои се значајни за заштитата и одржливото користење на биолошката разновидност;
  20. Апроксимација на националниот закон на Европската легислатива и меѓународните обврски, како и законско меѓу секторско хармонизирање.

MAKMOНTAНA проценка на биолошката разновидност и заштитата на природата во однос на КБД и ПЕСБПР во Република Македонија ...(doc, англиски)

MAKMOНTAНA проценка на биолошката разновидност и управување во заштитените подрачја во Република Македонија ...(doc, англиски)

.................................

Прв национален извештај. ...(pdf, англиски)

Втор национален извештај. ...(pdf, англиски)

Трет национален извештај. ...(pdf, англиски)

Тематски извештај за туѓи и инвазивни видови. ...(pdf, англиски)

Тематски извештај за шумски екосистеми. ...(pdf, англиски)

Тематски извештај за планински екосистеми. ...(pdf, англиски)

Тематски извештај за заштитени подрачја. ...(pdf, англиски)

Тематски извештај за пренос на технологијата и соработка. ...(pdf, англиски)

На интернет страната на Конвенцијата...

© 2007 MAKMOНTAНA - УНЕП Национален Комитет Македонија