|
Мерење
на прогресот во
конзервација на
природата во поглед
на Конвенцијата
за Биолошки Диверзитет
и Пан-Европската
Стратегија за Биолошки
и Пејзажен Диверзитет:
|
Конвенција
за биолошка разновидност
Конвенцијата
за биолошка разновидност беше
отворена за потпишување на
Конференцијата за животна
средина и развој на Обединетите
Нации (КЖСРОН) во Рио де жанеро
во јуни 1992. Таа стапи во
сила на 29 декември 1993 и
моементално има 188 членки.
Основните
задачи на Конвенцијата за
биолошка разновидност се
• заштитата на биолошката
разновидност
• одржлива употреба на нејзините
составни делови,
• фер и подеднакво делење
на користите кои потекнуваат
од употребата на генетските
ресурси и преку соодветен
трансфер на значајни технологии,
како и преку соодветно финансирање.
Конвенцијата
признава дека клучот во одржувањето
на зависи од употребата на
оваа разновидност на одржлив
начин. Конвенцијата ги пренесува
своите водечки задачи на заштитата,
одржлива употреба и подеднаква
делба на користите во обврски
во мерките истакнати во членовите
6 до 20. Овие членови содржат
клучни мерки за, меѓу другото:
мерки за заштита на биолошката
разновидност, како за in situ
така и за ex situ; иницијативи
за заштита и одржливата употреба
на биолошката разновидност,
истражување и обука; одредувајќи
ги влијанијата на на проектите
врз биолошката разновидност;
регулирајќи го пристапот до
генетските ресурси; пристап
до и трансфер на технологија;
и мерки за финансиски ресурси.
Институционална поставеност
Во дополнение
на сеопфатните мерки, Конвенцијата
воспоставува институционалта
поставеност кои обезбедуваат
механизам за понатамошен развој
на и набљудување на спроведувањето
на Конвенцијатапреку состаноци,
работни програми, прегледи
ипреговори.Три институции
се воспоставени од страна
на Конвенцијата: Конференција
на партиите (КНП), придружното
тело за научен, технички и
технолошки совет (ПТНТТС)
и Секретаријатот. Понатаму,
Конвенцијата овозможува на
КНП да воспоставува дополнителни
придружни тела како што смета
дека е потребно за спроведување
на Конвенцијата (на пр. Работна
група за пристап и делба на
користа; Работна група за
член 8 (ј) и поврзаните мерки;
Работна група за заштитени
подрачја).
Конференцијата
на партиите е управното тело
на Конвенцијата, нејзината
главна улога е да го набљудува
спроведувањето на Конвенцијата
и да го води нејзиниот развој.
Други важни функции на КНП
вклучуваат одобрување на буџетот,
разгледувањето на националните
извештаи, одобрувањето на
протоколи или анекси и развојот
на нчела за финансискиот механизам.
Се досега
седум редовни КНП се одржани,
минатиот фебруари 2004 во
Куала Лумпур, Малезија. Првиот
вонреден состанок на КНП (вКНП)
се олдржа во Картагена, Колумбија
во фебруари 1999, за да се
разгледа и одобри првиот протокол
на Конвенцијата. Вонредниот
состанок се прекина и продолжи
во јануари 2000 во Монтреал,
каде заврши со својата работа
и го одбри Картагена протоколот
за биолошка сигурност.
Придружното
тело за научен, технички и
технолошки совет (ПТНТТС)
е отворено меѓу владино советодавно
научно тело, кое дава совет
и препораки на КНП за научни,
технички и технолошки прашања
од спроведувањето на Конвенцијата.
Карактеристични функции на
ПТНТТС се: давање на научни
и технички проценки за статусот
на биолошката разновидност;
подготвување на научни и технички
проценки за мерките превземени
за спроведување на Конвенцијата;
идентификација на иновативни,
ефикасни и современи технологии
и знаења, итн. Тоа ги поднесува
својоите совети до КНП во
форма на ПТНТТС препораки.
КНП ги разгледува советите
на ПТНТТС за соодветните прашања
пред да ги донесе одлуките.
Во одредени случаи, КНП ги
прифатило целите или делумно
од одредени предлози на ПТНТТС.
Основните
функции на Секретаријатот
се да ги подготвува и услужива
состаноците на КНП и другите
придружни тела на Конвенцијата
и да се координира со други
релевантни инструментални
тела. Домаќин институција
на Секретаријатот е UNEP,
Секретаријатот се наоѓа во
Монтреал Канада.
Финансиски механизам
Глобалниот
сервис за животна средина
(ГСЖС) обезбедува финансиски
ресурси за земји во развој
за цели на конвенцијата. Финансискиот
механизам работи под авторитет
и водство на, и му одговара
на КНП.
Механизам на клириншка
куќа
Конвенцијата
воспустави „Механизам на клириншка
куќа“ за да осигура дека сите
влади имаат пристап до информациите
и технологиите кои им се потребни
за нивната работа на биолошката
разновидност. Клириншката
куќа е координирана од Извршен
секретаријат и набљудувана
и водена од Неформален советодавен
комитет (НСК) поставенод Партиите
на Конвенцијата.
Мисијата на клириншката куќа:
• Да промовира и услужува
техничка и научна соработка,
во и помеѓу земјите,
• Да развие глобален механизам
за размена и интегрирање на
технолошка мрежа за биолошка
разновидност,
• Да ја развие потребната
човечка и технолошка мрежа.
http://www.biodiv.org/chm
Тематски програми
КНП иницираше
работа на седум тематски работни
програми кои се однесуваат
на:
• морска и крајбрежна биолошка
разновидност
• земјоделска биолошка разновидност
• шумска биолошка разновидност
• островкса биолошка разновидност
• биолошка зановидност на
копнени води
• биолошка разновидност на
суви и суб влажни земјишта
• планинска биолошка разновидност
Секоја тематска програма воспоставува
визија за, и основни принципи
кои ќе ја водат идната работа;
поставува клучни прашања за
разгледување; препознава потенцијални
резултати; и предлага временска
рамка и средства за постигнување
на овие резултати. Дава периодични
прегледи на спроведувањето
на работната програма на КНП
и ПТНТТС. Се предвидува дека
спроведувањето на работните
програми вклучува придонес
од Партиите, Секретаријатот,
значајни меѓувладини организации
и други организации.
Пресечни
теми
Преку и
над тематските програми постојат
голем број на други точки
на агендата на КНП кои се
однесуваат на пресечни теми
во однос на сите тематски
области. Основно овие теми
се однесуват на темите разгледани
во мерките на Конвенцијата
во член 6 до 20. На пример,
започната е работа на пристап
до генетски ресурси, трационално
знаење, изуми и пракси (член
8(ј)); ителектуални права
на сопственост; индикатори;
таксономија; јавно образование
и свест; иницијативи и страни
видови.
Повеќегодишна
програма за работа на Конверенцијата
на партиите за до 2010г.
На седмиот
состанок, КНП усвои програма
за работа од осмиот до десеттиот
свој состанок, каде ги одреди
тематските и пресечните теми,
како и стратешките прашања
за длабинско разгледување.
Покрај КНП ќе го разгледува
и програсот на спроведувањето
на Стратешкиот план и продолжетокот
на напредокот кон целите за
2010 и соодветните Милениумски
развојни цели (глобални цели
и поврзани мерки, како набљудување,
индикатори и трендови во биолошката
разновидност), како и да ги
редефинира механизмите за
поддршка на спроведувањето
(како на пример: финансискиот
механизам, механизмот на клириншката
куќа, преносот на технологија,
градењето на капацитети) на
секој од овие состаноци.
Екосистемски
пристап
На својот
четврт состанок, КНП го усвои
екосистемскиот пристап како
рамка за анализа и спроведување
на целите на Конвенцијата.
Всушност, екосистемскиот пристап,
е основна парадигма за активностите
на Конвенцијата. КНП усвои
опис на екосистемскиот пристап
како и одредени оперативни
напатствија и препорача примена
на мноштво на принципи од
екосистемскиот пристап.
Принцип 1: Целите
на управување со земјишните,
водните и живите ресурси
се прашање на општествен
избор.
Принцип 2: Управувањето
треба да биде децентрализирано
на најниското соодветно
ниво.
Принцип 3: Управувачите
со екосистемите треба
да ги земат во предвид
ефектите (постоечките
или потенцијалните)
на нивната активност
врз соседните и други
екосистеми.
Принцип 4: Признавајќи
ги потенцијалните
добивки од управувањето,
вообичаено постои
потреба да се разбере
и управува екосистемот
во еконосмки контекстс.
Било која таква екосистемска
управувачка програма
треба да содржи:
(а)
Да ги намали тие пазарни
искривувања кои понатамошно
влијаат на биолошката
разновидност;
(б) Да ги усклади
иницијативите за промоција
на заштита на биолошката
разновидност и одржливо
користење;
(в) Да ги затвори
трошоците и користите
во даден екосистем
до крајно одржливо
ниво.
Принцип 5: Заштита
на структурата и функцинирањето
на екосистемот, со
цел да се одржат користите
од екосистемот, треба
да се приоритетна
цел на екосистемскиот
пристап.
Принцип 6: Екосистемите
мора да се управуваат
во рамките на нивното
функционирање.
Принцип 7: Екосистемскиот
пристап треба да биде
применет во сите соодветни
просторни и времени
рамки.
Принцип 8: Препознавајќи
ги различните времени
рамки и ефектите на
задоцнување кои ги
карактеризираат екосистемските
процеси, целите на
управувањето со екосистемите
треба да бидат поставени
на долгорочен план.
Принцип 9: Управувањето
мора да признае дека
промената е неизбежна.
Принцип 10: Екосистемскиот
пристап треба да бара
соодветна рамнотежа
помеѓу, и вклучување
на заштитата и употребата
на биолошката разновидност.
Принцип 11: Екосистемскиот
пристап треба да ги
земе во предвид сите
форми на релевантни
информации, вклучувајќи
научни, домашни и
народни знаења, изуми
и пракси.
Принцип 12: Екосистемскиот
пристап треба да ги
вклучи сите значајни
области на општеството
и од научните дисциплини.
|
Принципите се подравнуваат
со стратегиза за интегриран
или холистичко управување
со ресурсите преку модерни
начни адаптивни управувачки
пракси. Во основа, тие побаруваат
да процесот на донесување
на одлуките да биде транспарентен
и да земе во предвид сите
значајни фактори. Севкупно
принципите се слични на принципте
поврзани со методите за стратешка
проценка на животната средина.
Стратешкиот план
за КБР
КНП 6 усвои Стратешки план
за Конвенцијата за биолошка
разновидност за да обезбеди
стратешки и оперативни напатствија
за спроведување на програмата
за работа на КНП и ПТНТТС.
Во својата
мисиона изјава, Стратешкиот
план ги обврзува Партиите
на по ефективно и кохерентно
спроведување на трите задачи
на конвенцијата и да ги достигнат
до 2010 значителено намалување
на постојното губење на биолошката
разновидност на глобално,
регионално и локално ниво
како придонес во сузбивањето
на немаштијата и за доброто
на се живо на земјата.
Планот содржи четири стратешки
цели и зљадачи на Конвенцијата:
(1) Конвенцијата ја исполнува
својата водечка улога во однос
на меѓународните прашња за
биолошката разновидност;
(2) Партиите
имаат подобрен финансиски,
човечки, научен, технички
и технолошки капацитет за
спроведување на Конвенцијата;
(3) Националните
стратегии и акциони планови
за биолошкиот диверзитет и
вклучувањето на прашања од
биолошката разновидност во
значајни сектори служат како
ефикасна рамка за спроведување
на Конвенцијата; и
(4) Постои
подобро разбирање за значењето
на биолошката разновидност
и на Конвенцијата, а ова води
кон проширен ангажман во општеството
во спроведувањето.
Стратешкиот
план ќе биде спроведен преку
програмите за работа на Конвенцијата,
спроведувањето на националните
стратегии и акциони планови
за биолошка разновидност и
други национални, регионални
и меѓународни иницијативи.
Картагенскиот протокол
за биолошка сигурност
Во јануари
2000 г, КНП го усвои Картагенскиот
протокол за биолошка сигурност
во согласност со член 28 од
Конвенцијата кој влезе во
сила во септември 2003 г.
Протоколот се обидува да ја
заштити биолошката разновидност
од потенцијалниот ризик поставен
од живите изменети организми
кои се резултат на модерната
биотехнологија. Тој ја воспоставува
процедурата за однапред информиран
договор (ОИД) за осигурање
дека земјите ги имаат потребните
информаци за да донесат информирани
одлуки пред да се согласат
да увезат такви организми
на нивната територија. Протоколот
содржи референци за претпазлив
пристап и го потврдува претпазливиот
јазик во Принципот 15 од Рио
декларацијата за животна средина
и развој. Протоколот исто
така ја основа Клириншката
куќа за биолошка сигурност
за да ја обслужува размената
на информации за живите изменети
организми и да им помага на
земјите во спроведувањето
на Протоколот.
Текстот
на конвенцијата
Clearing-House
Mechanism to the CBD
...врска до интернет страната
на КБР
Biosafety
Clearing-House
...врска до интернет страната
на КБР
Strategic
Plan to the CBD
...врска до интернет страната
на КБР
Ecosystem
approach
...врска до интернет страната
на КБР
|