Дома

  За МАКМОНТАНА

  За Македонија

  Активности

  Настани

  Проекти

  Публикации

  Контактирај не

  Партнери и линкови

  English Version

 

Мерење на прогресот во конзервација на природата во поглед на Конвенцијата за Биолошки Диверзитет и Пан-Европската Стратегија за Биолошки и Пејзажен Диверзитет:
За проектот Вести CBD во Македонија

За проектот

Европските Министри за Животна Средина ја поставија амбициозниата цел да ја преполоват загубата на биодиверзитетот до 2010, на Киевската Министерска Конференција во Мај 2003. Така што ги зголемија обврските кои произлегуваат од Самитот во Голденберг на Европскиот Совет на Змјите членки на Европската Унија и отидоа подалеку од целта на Стратешкиот План на Конвенцијата за Биолошки Диверзитет (CBD) и Светскиот Самит за Одржлив развој во Јоханесбург да постигнат значително намалување на моменталниот губиток на биолошката разновидност. Сепак, со оглед на сегашните опасности по биолошката разновидност на различни нивоа и предизвикот да се направи прогрес кој целта во 2010, мора да се признае дека одржливи промени се потребни во сите области на формирањето на политиката.

Постојат вредни политички алатки кои може да се искористат во напорот кон целта во 2010, имено Конвенцијата за Биолошка Разновидност (CBD) и нејзината регионална гранка за имплементација, Пан-Европската Стратегија за Биолошка и Пејзажна Разновидност (PEBLDS). Нивните цели и задачи, како и поддржувачкото водство, работните програме задолжително треба да бидат земени во предвид во одговорното креирање на политиката и решенијата. Сепак, овие меѓународни алатки за креирање на политика и целта во 2010 се воглавно невидливи во владиниот сектор, меѓу НВО-ата и јавноста и затоа тие не се користат во полн потенцијал. Многу е важно да се стават во практика овие алатки за креирање на политиката поради нивната комплексност, како и недоволното познавање за нив од страна на донесувачите на одлуките.

Затоа Југо-источно Европските НВО-а (БИОТИКА Еколошко друштво од Молдова, Зелена Акција од Хрватска, Макмонтана од Македонија и Млади Истражувачи од Србија) координирани од Централно и Источно Европската Работна Група за Зголемување на Биодиверзитетот (CEEWEB) започна едногодишен проект во 2005 за воведување на CBD и PEBLDS во националните политики и одлуки и подиггање на свесноста за нив. Тој ќе вклучи комуникација и активности во вклучување на јавноста во различни аспекти од имплементацијата на CBD и PEBLDS (законодавни процедури, заштитени подрачја, меѓународна соработка, кампањи итн.). На почетокот од проектот, проектните партнери земаа учество на тренинг за овие алатки (29-31 Март 2005, Загреб, Хрватска) и се стекнаа во внатрешен поглед на обврските од членовите и на напатствијата донесени со одлуките на Конференцијата на Партиите на CBD. Покрај тоа, тие можеа да научат за меѓународните изкуства за ефективна имплементација.

Проектот е реализиран со дарежлива поддршка на Швајцарската Агенција за Животна Средина, Шуми и Пејзажи.

за Конвенцијата за Биолошка Разновидност

Пан-Европска Стратегија за Биолошка и Пејзажна Разновидност ... doc 37Kb

Види: Заедничка мрежна страна на проектот

опис на целиот проект ...pdf 117Kb

 

© 2007 MAKMOНTAНA - УНЕП Национален Комитет Македонија